За нас

''РЕ-КО'' Инженеринг Д.О.О.Е.Л. - Скопје е фирма посебно специјализирана за изведување на ЕКСТРЕМНО високи, длабоки или тешко достапни елементи од конструкции на:

1. ВИСОКИ ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ;
2. ХИДРОТЕХНИЧКИ ОБЈЕКТИ;
3. ПОДЗЕМНИ ОБЈЕКТИ;
4. СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ.

Како основна дејност на фирмата е работа на индустриски објекти со голема висина. Во оваа група спаѓаат:

1. ИНДУСТРИСКИ ОЏАЦИ СО ВИСИНИ НАД 300 МЕТРИ;
2. РАЗЛАДНИ КУЛИ СО ВИСИНИ ДО 150 МЕТРИ;
3. СИЛОСИ.

Работата на вакви објекти изискува пред сé огромно познавање на оваа проблематика како и соодветен пристап на самата работа затоа што мора да се нагласи дека се работи за многу одговорни конструкции со висока вредност, а работата на овие објекти е работа која сама по себе повлекува соодветен ризик. Заради тоа истата е пропратена со најстрогите правила и прописи за сигурност при работа за да се одржи бараното ниво на професионалност и нормално на квалитет. Изучувањето и унапредувањето на технологијата на санација и продолжување на животниот век на овие високи индустриски објекти кои се од огромно значење е мотото на фирмата ''РЕ-КО'' Инженеринг. Опремата за работа на висини во која се вклучени и самоодните висечки платформи производство на фирмата ''TRACTEL & SECALT GROUP'' а во сопственост на  ''РЕ-КО'' Инженеринг е со врвен квалитет и ги поседува сите потребни сертификати за квалитет и сигурност за вакви услови на работа.
Од основањето на фирмата ''РЕ-КО'' Инженеринг во 2003-та година па сé до денес, истата има низа на завршени проекти и санациони работи кои јасно зборуваат за успешноста во нејзиното работење, секогаш при тоа запазувајќи ги роковите на изведба според потребите и барањата на коминтентите.

Информациите за технологиите и методите на работа на ''РЕ-КО'' Инженеринг можете да ги најдете овде.

Референтната листа на ''РЕ-КО'' Инженеринг можете да ја видите  овде.