Референтана листа

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

 ''РЕ-КО'' Инженеринг Д.О.О.Е.Л. - Скопје

ПРОЕКТИРАЊЕ, КОНСАЛТИНГ, РЕВИЗИЈА, НАДЗОР, ИЗВЕДБА И РЕКОНСТРУКТИВНА САНАЦИЈА.

Посебно специјализирана за изведување на ЕКСТРЕМНО високи, длабоки или тешко достапни елементи од конструкции на:

ВИСОКИ ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ, ХИДРОТЕХНИЧКИ ОБЈЕКТИ , ПОДЗЕМНИ ОБЈЕКТИ и СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ:

А.   ВИСОКИ ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ

Реконструктивна санација,одржување, ревизија и мониторинг  на :

    ОЏАЦИ со височина над 300 м.
    РАЗЛАДНИ КУЛИ со височина до 150 м.
    СИЛОСИ со височина до 100 м
    РЕЗЕРВОАРИ
    АНТЕНСКИ и РЕПЕТИТОРСКИ СИСТЕМИ
    ВОДОЗФАТНИ КУЛИ
    Останати армирано бетонски конструкции и објекти

Б:   ХИДРОТЕХНИЧКИ ОБЈЕКТИ

    Санација на Армирано бетонски лачни брани
    Санација на преливни шахти
    Санација на хидротехнички тунели
    Санација (мониторинг и ревизија со чистење и антикорозивна заштита), на подземни цевководни системи од Д= 400 мм до Д=2400.мм

В.   САНАЦИЈА И ИЗВЕДБА НА ФАСАДИ НА ДЕЛОВНИ и СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Реконструктивна санација и изведба на нови станбено деловни објекти:

    ФАСАДЕРСКИ РАБОТИ НА ВИСОКИ ЗГРАДИ
    ФАСАДЕРСКИ РАБОТИ НА ВИСОКИ И ТЕШКО ДОСТАПНИ ОБЈЕКТИ
    КРОВОПОКРИВАЧКИ РАБОТИ

Г.   САНАЦИЈА НА МОСТОВСКИ КОНСТРУКЦИИ

    Санација на конструктивни елементи од високи и тешко достапни мостовски конструкции и вијадукти
    Санација на столбови
    Санација на галвни носачи и подконструкција

Д. АЕРОФОТОГРАМЕТРИСКО СНИМАЊЕ ОД ВОЗДУХ
       ( со сопствен воздухоплов Авион ''ЦЕСНА 172'')


Р Е Ф Е Р Е Н Т Н А  Л И С Т А
на ИЗВЕДЕНИ СПЕЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ


 Високи објекти со Н до 300 м., Оџаци, Разладни кули, Силоси за жито, Рефлекторски столбови со Н=55м (објекти кои припаѓаат во прва и четврта категорија)

ОБЈЕКТ БР 1:
САНАЦИЈА НА армирано бетонски плашт од надворешна страна на силоси за жито за фирмата SILOSI ''M'' Zrze – Kosovo
Метод на санација: Со висечки самоодни работни платформи ''ТРАКТЕЛ'' Алта –Л од L=9m.


ОБЈЕКТ БР 2:
САНАЦИОНИ РАБОТИ – РЕКОНСТРУКТИВНА САНАЦИЈА
ИНВЕСТИТОР. ,,ЕЛЕМ,, –ТЕРМОЛЕКТРАНИ - Електростопанство на Р. Македонија
ОБЈЕКТ: РАЗЛАДНА КУЛА во РЕК ''ОСЛОМЕЈ'' - Кичево
Санација на надворешен плашт на арм. Бетонска конструкција со површина од 8000 м2
Надворешен дел на армирано бетонскиот плашт на објект РАЗЛАДНА КУЛА со височина од 65m, во термоелектрана на РЕК ''ОСЛОМЕЈ'' – Кичево.

Начин на реализација:

Со висински самоодни работни платформи ''ТРАКТЕЛ''-Канада.
Штемовање, Хидродемолирање, Торкрет ''сува постапка'' – завршен водонепропустен премаз со Аирлес постапка.

ОБЈЕКТ БР 3:
САНАЦИОНИ РАБОТИ
ИНВЕСТИТОР: ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ ''ЕЛЕМ'' – Електростопанство на Р. Македонија
Санација на ВНАТРЕШЕН ПЛАШТ – Внатрешен дел на армирано бетонскиот плашт на објект РАЗЛАДНА КУЛА со површина од 8000 м2 височина од 65м, во термоелектрана на РЕК ''ОСЛОМЕЈ'' – Кичево.
Санација на Надворешен плашт РЕК ''Осломеј'' - посебен Договор за изведба.

Начин на реализација:
Со висински самоодни работни платформи ''ТРАКТЕЛ'' и торкрет сува постапка.

ОБЈЕКТ БР 4:
Инвеститор: ''ЕЛЕМ'' ТЕРМОЛЕКТРАНИ РЕК ''БИТОЛА'' - Битола
САНАЦИОНИ РАБОТИ на армирано бетонски конструкции. На оџаци и разладни кули со височина до +250 м.
(санација на армирано бетонската конструкција – надворешен плашт и бојадисување на ОЏАК Т - 090 со H=150 м) во АД ''ОКТА'' Рафинерија за нафта – Миладиновци.

ОБЈЕКТ БР 5:

Изработка на фасадерско – Браварски работи

Објект: Приватен - станбено деловна зграда на Ул.  Пртизански Одреди.

Вкупна површина: 1750 м2.

ОБЈЕКТ БР 6:
ПРИВАТЕН СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ''ДЕМИТ'' фасада.
Изработка на фасаден дел на тешко достапна локација (северна страна на објектот) поради недoзволување на пристап за монтажа на скела.

ОБЈЕКТ БР 7:
Санација на надворешен плашт и ФАСАДА НА ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ – Фабрика за производство на бои и лакови на ''ПРОТЕКТ М'' во Скопје - Визбегово
Површина: 3500 м2.

ОБЈЕКТ БР 8:
САНАЦИЈА НА ОЏАК ВО ЕЛЕМ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ во РЕК ''БИТОЛА'' Бр 1 со височина од 250 м од надворешната страна.
Санација на киселоотпорниот оѕид од внатрешна страна и тоа од кота 230 до кота 250, сaнација на оѕидот на кота +70 м.
Вкупна површина : 1300 м2
Апликација на специјална – сигнална боја ( согласно со Закон за цивилна воздушна пловидба) , на надворешната страна на објектот во тон бело црвено за дневна сигнализација на оџакот.

ОБЈЕКТ Бр 9:
Рудници за олово и цинк ''САСА'' - М. Каменица
Извршување на ревизија, изработка на идејно решение за санирање на причините кои доведоа до катастрофални изливи и еколошко загадување со истекување на јаловина низ колекторскиот систем, со санација на подземен колектор ''КОЛЕКТОР бр.6'' во Рудници за олово и цинк ''САСА'' -М. Каменица. Изведено во 2004 год. Изведена е за прв пат со примена на специјална постапка за санација со ''Микро тунелска метода'' , Санација на подземна цевка ( - 45 м под земја) со дијаметар од D=110см е извршена со постапка на нанос на слој од бетон во калотата на цевката со ''Торкрет'' брзоврзувачки бетон од типот ИНГУНИТ –ГБ од 2-4 мм гранулација.

ОБЈЕКТ Бр 10:
РАФИНЕРИЈА ЗА НАФТА – Миладиновци АД ''ОКТА''
Санација на внатрешен киселоотпорен оѕид на оџак Т - 010 од кота 0,00 до кота 150м, со височина од Н =150 м во АД ''ОКТА''.

ОБЈЕКТ Бр 11:
ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ ''ЕЛЕМ'' РЕК''ОСЛОМЕЈ'' - Кичево
Санација на цевководен систем со елиминација на корозиони локалитети и антикорозивна заштита за целиот систем на технолошко разладување на вода во РЕК ''Осломеј'' - Кичево на цевковод со D=180 см - Пескарење и антикорозивна заштита.

ОБЈЕКТ бр 12:
Санација на вертикални пукнатини на оџак со височина од Н=200 м во КЕК ''КОСОВО'' А и Б.
Санација на арм.бет. конструкција и санација на внатрешен киселоотпорен оѕид од кота 0,00 до кота 200м.

ОБЈЕКТ БР 13:
ТЕРМОЦЕНТРАЛА ТЕЦ ''НЕГОТИНО'' -Неготино
Санација на оџак во ТЕЦ ''НЕГОТИНО' со височина од Н=160 м
Санација на внатрешен киселоотпорен оѕид – рушење на постојниот, ѕидање на нов оѕид од кота 150 до кота 160м
Санација на преграден ѕид од кота +5,50 до кота +20 м
Санација на влезни портали
Санација на плоча за отпепелување на кота +5,5 м.

ОБЈЕКТ БР 14:
Рафинерија за нафта АД ''ОКТА'' - Миладиновци
Санација на опожарена конструкција на континуирани греди во три полиња (соработник во предлог на метода на санација со Градежен Факултет Скопје)
Метoд на санација со торкрет постапка ''сува постапка''.

ОБЈЕКТ Бр 15:
Рудници за олово и цинк ''САСА'' - М.Каменица
Санација - идејно проектно решение за санирање на колектор бр 4 во рудник ''САСА''.

Објект Бр 16:
Санација на оџак со височина Н=200м во КЕК – Кoсово – Приштина Санација на врвот на оџакот, извршување на ревизија на оџаци во КЕК Косово ''Б'' за оџак Бр.3,4 и бр 5.

ОБЈЕКТ Бр 17:
Демонтажа на рефлекторски столбови со височина од 55м, 2 комада на градски стадион –Скопје.


ОБЈЕКТ Бр 18:
Рафинерија за нафта АД ''ОКТА'' - Миладиновци
Поставување на 7 комада мерни сонди за еколошки параметри на издувни гасови од оџак Т-010 во АД ''ОКТА'' и поставување на светла за ноќна сигнализација на оџак Т -010 со височина од Н=150 м.

ОБЈЕКТ Бр 19:
Санација на оџак со Н=300 м во ''ФЕРОНИКЕЛИ'' - Косово.

ЗАБЕЛЕШКА:
Сите горенаведени инвестициони објекти се реализирани од страна на ''РЕ-КО'' Инженеринг, со употреба на специјална и најсовремена техничко технолошка опрема.
Сите работи се изведени исклучиво со употреба на сопствена набавена технологија, ВИСИНСКИ САМООДНИ РАБОТНИ ПЛАТФОРМИ (SUSPENDED PLATFORMS) тип ''TRAKTEL'' – ''SEKALT'' - ''АЛТА'' – Канада, како и со употреба на сопствени машини за апликација на торкрет бетони, машина за торкрет бетон марка ''ФИЛАМОС'' и пескара марка ''КЛЕМКО'' - Холандија.
За горенаведените проекти во претходна постапка се извршени дефектажи на комплетниот објект.
Од дефектажата се презентираат на инвеститорот направени фото снимки како и видео материјал со една единствена цел реално да се презентираат настанатите оштетувања.
По извршената дефектажа се изработува ЕЛАБОРАТ од извршената дефектажа со анализа на причините за настанок на оштетувањата како и со предлог решенија за санација на настанатите оштетувања, за методите на санација и предлог на материјалите за вградување.